Кил ангажираше репрезентативец на Шведска

Кил ангажираше репрезентативец на Шведска

Репрезентативецот на Шведска, левиот бек Карл Валиниус е новиот ракометар во редовите на Кил. Младиот ракометар, кој има 23 години, потпиша договор на пет сезони со „зебрите“ и се очекува да биде квалитетно засилување во тимот предводен од Филип Јиха.

Раководството на Кил беше во потрага по нов лев бек, откако на одреден временски период остана без репрезентативецот на Норвешка, Сандер Сагосен.

Како што е веќе познато, Сагосен пред четири месеци заработи повреда на скочниот зглоб во натпревар против Хамбург и поради тоа ќе отсуствува шест-седум месеци од ракометните терени.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds