Ким Џонг Ун ги одби кинеските вакцини, но нареди построги мерки во земјата

 Ким Џонг Ун ги одби кинеските вакцини, но нареди построги мерки во земјата

In this photo provided by the North Korean government, North Korean leader Kim Jong Un attends an emergency Politburo meeting in Pyongyang, North Korea Saturday, July 25, 2020. Independent journalists were not given access to cover the event depicted in this image distributed by the North Korean government. The content of this image is as provided and cannot be independently verified. Korean language watermark on image as provided by source reads: “KCNA” which is the abbreviation for Korean Central News Agency. (Korean Central News Agency/Korea News Service via AP)

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им нареди на службениците, да спроведат поостра кампања за спречување на епидемијата, откако тој одби некои странски вакцини против Kовид-19, понудени во рамките на програмата ковакс, поддржана од Обединетите нации.

За време на вчерашниот состанок на Политбирото, Ким рекол дека официјалните лица „мора да имаат предвид дека заострувањето на мерките за спречување на епидемијата е задача од најголема важност во која не смееме да попуштиме ниту за момент“, објави денеска официјалната корејска централна новинска агенција.

Ким, исто така, ја истакна потребата од материјални и технички средства за спречување на вирусот и зголемување на квалификациите на здравствените работници.

Севернокорејскиот лидер претходно ги повика граѓаните на Северна Кореја да се подготват за продолжување на ограничувањата во врска со Ковид-19, што укажува дека националните граници ќе останат затворени и покрај влошените економски услови.

Од почетокот на пандемијата, Северна Кореја применува строг карантин и затворање на границите за да спречи појава на ширење на епидемијата.

УНИЦЕФ, која набавува и доставува вакцини во име на програмата ковакс, во вторникот соопшти дека Северна Кореја предложила три милиони вакцини „Синовак“ наменети за Пјонгјанг, да бидат испратени во други земји кои се сериозно погодени од Ковид-19.

>
>