Кина го проширува карантинот – 56 милиони луѓе ќе бидат отсечени од светот

Кина денес соопшти дека го проширува санитарниот кордон кој треба да го спречи ширењето на вирусот кој првично се појави во градот Вухан.

Според некои проценки, поради проширениот карантин од 35 до 56 милиони луѓе ќе бидат отсечени од светот.

Со новата мерка ќе бидат опфатени уште пет града во централната провинција Хубеи, додека досега во карантинот беа 13 града.

Во рамки на воведените мерки на карантинот, јавниот превоз не сообраќа кон тие градови а излезите од автопатите кои водат кон нив се затворени.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds