• 30/09/2020

Кина ја одобри првата патентирана вакцина за COVID-19

 Кина ја одобри првата патентирана вакцина за COVID-19
loading...
Advertisement

Кинеска компанија специјализирана за вакцини ја патентираше својата прва потенцијална вакцина против COVID-19, соопштија кинеските државни медиуми повикувајќи се на документи за заштита на интелектуалниот имот.

Станува збор за Ad5-nCOV, прва патентирана вакцина во Кина. Вакцината е развиена од тим на Академијата за воени медицински науки и компанијата CanSino Biologics.

Првите две фази од тестирањето покажуваат дека вакцината е безбедна и поттикнува имунолошки одговор.

Саудиска Арабија соопшти дека овој месец планира да ја започне третата фаза на клинички испитувања. Преговори се водат и со Русија, Бразил и Чиле, за почнување на третата фаза во овие земји.