Кина ја отвора северната страна на Монт Еверест за 38 планинари: Алпинистите со ковид мерки до врвот на светот

 Кина ја отвора северната страна на Монт Еверест за 38 планинари: Алпинистите со ковид мерки до врвот на светот

Кина ја отворила северната страна на Монт Еверест за 38 планинари кои ќе бидат тестирани на ковид-19 и ќе мора да одржуваат дистанца за време на искачувањето на највисокиот врв на светот.

Непал и Кина претходно ја затвориле планината за странски туристи поради пандемијата, а Непал оваа сезона сепак им дозволил на странците да се искачат, и покрај растот на бројот заразени и најмалку еден аппинист, Норвежанец, кој минатиот месец потврдил дека се заразил со ковид-19.

Непалските алпинисти негирале дека избило било какво жариште на планината, цитирајќи дека се пријавени само случаи на висински болести и останати симптоми поврзани со студените, остри услови каде биле доближени едни до други во шаторите.

Оваа недела, Непал ги сопрел сите летови како дел од строгите мерки на Катманду поради сузбивање на ширењето на вирусот.

Од друга страна, Кина, каде во најголема мера е сопрена локалната трансмисија, ги одржала рестриктивните мерки, како што се здравствени проверки и е во состојба на приправност кога станува збор за “увезени” ковид случаи.

Планинарите кои добиле кинески дозволи за искачување на Монт Еверест, мора да дојдат од кинеските делови и да покажат дека се здрави, пред да тргнат во поход на врвот, навеле денеска кинеските државни медиуми.

Тие ќе мора да минат низ редовни проверки на телесна температура, да користат кислород од шишиња и да бидат на четири метри од наредниот алпинист.

Ќе им бидат поделени маски, топломери и средства за дезинфекција.

>
>