Кинеските вакцини ќе почнат да се даваат од 4 мај

 Кинеските вакцини ќе почнат да се даваат од 4 мај

На 28 април е најавено доаѓање на 200 ијлади кинески вакцини, а во Македонија ќе почнат да се даваат од 4 мај, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Пристигнувањето ќе се поклопи со Велигденските празници и таа вакцина ќе се дава од 4 мај, вторникот после празниците. До тогаш ќе бидат спремни сите спортски сали во шесте предвидени градови, изјаави Филипче.

Денеска во скопската сала „Борис Трајковски“ почна вакцинацијата на пратениците во македонското Собрание, а во тек е имунизацијата на лицата над 73 години.

Според Филипче со денешната имунизација целосно се троши пратката од „спутник“, и дека речиси е половина е искористена и донацијата од 1.000 дози од кинеската на „Синофарм“ од Обединетите Арапски Емирати. Во понеделникот стигнаа 10.600 вакцини на „Фајзер“.

Денеска добивме листа од ‘Фајзер’ дека во текот на мај, секој понеделник ќе стигаат по 5 до 7 илјади вакцини за да се стигне до вкупната бројка од плус 10 илјади вакцини, изјави Филипче.

Во земјава досега се вакцинирани 44.974 граѓани, а пријавени се 192.459 граѓани.

>
>