Кинезите прават чуда: Од калта никнуваат болници кои се направени за само неколку дена!

Кинеските власти вложуваат огромни напори за справување со смртоносниот Корона вирус кој погоди подрачје на кое живеат 50-тина милиони луѓе.

Дека Кинезите вложуваат огромни напори најдобро сведочат фотографиите и видеата кои се појавија во сите светски медиуми, а на кои може да се види како во погодените градови од Корона вирусот практично за неколку дена никнуваат цели болници, нешто што на пример во нашата држава би се градело со години, ако не и цела деценија.

Работниците во кинескиот град Вухан, инаку најголемо жариште на Корона вирусот работат во полна пареа на изградбата на втората болница каде ќе бидат сместени заразените од смртоносниот вирус, а веќе се изградени 95% од засега планираните објекти.

Властите од провинциите Хубеи и Хенан наложија за помалку од десетина дена да бидат подигнати најмалку четири болници, а болницата „Лешеншан“ треба да биде отворена за една седмица.

Овој објект се наоѓа во предградие на Вухан, ќе се протега на 60 илјади квадратни метри од кои 51 ќе бидат одделенија за карантин. Преостанатите 9 илјади ќе ги заземаат собите за сместување на околу 2 илјади здравствени работници.

Градежните работи започнаа во неделата, а до вчера беше завршена една третина од изградбата на болницата која треба да биде изградена на 5-ти февруари.

Исто така започната е изградбата на уште една болница „Хуошеншан“ која треба да биде отворена веќе утре, а во провинцијата Хенан која се граничи со Хубеи започна реновирањето на напуштен објект во понеделникот, а сите градежни работи треба да бидат завршени за десетина дена.

Првата болница во Кина за пациенти кои се лекуваат од опасниот вирус веќе е отворена во Хуанганг, откако работници и доброволци за само два дена празна зграда претворија во целосно функционална болница.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds