• 21/09/2020

Кинезите вчера почнаа изградба на болница – ќе биде готова за десетина дена

 Кинезите вчера почнаа изградба на болница – ќе биде готова за десетина дена
loading...
Advertisement

Во кинескиот град Вухан забрзано се гради нова болница со 1000 кревети, каде би требало да се лекуваат заболените од коронавирусот.

На фотографиите се забележуваат багери како ја порамнуваат земјата, и темелите не се готови.

Но, според најавата на кинеските власти, стационарот ќе биде готов до 4 февруари.

Десетици багери и друга механизација почнаа со работа вчера навечер.

Ова не е првпат во Кина да се гради цела болница за само десетина дена. Кога во 2003 година изби епидемијата на САРС, од која починаа 774 лица, во Пекинг за една седмица беше изградена болница.