Кој град е најопасен во светот, а кој најбезбеден за жителите?

 Кој град е најопасен во светот, а кој најбезбеден за жителите?

Копенхаген е најбезбедниот град на светот, според индексот кој го објави „Economist Intelligence Unit“, а рангирани се врз основа на дигиталните здравствените, инфраструктурните и лични безбедности, како и заштита на животната средина, што е нова категорија воведена оваа година.

Копенхаген првпат е прогласен за најбезбеден град во светот, а освоил 82,4 поени од вкупно 100.

„Еден од клучните фактори кои Копенхаген го прават безбеден град е неговата ниска стапка на криминал“, изјавил градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс и додал дека Копенхаген исто така го карактеризираат големите социјални кохезии и релативно малата статусна разлика.

Тоа е град во кој хигиеничарите и директорите се сретнуваат во локалните супермаркети и ги носат своите деца во исти училишта.

Познато и како најсреќно место на светот, данската престолнина е гостопримлива дестинација со неодолив шарм, а нејзината впечатлива архитектура со децении го привлекува вниманието на патниците.

Многу работи во Копенхаген се организирани по мерка на секој жител. Можеби изненадувачки, но Копенхаген е и место за велосипедистите.

Градот има 350 километри велосипедски патеки и повеќе велосипеди отколку автомобили, а дури третина од работничкото население патува со велосипед до работа.

Торонто го зазел второто место со 82,2 поени, додека пак Сингапур третото место со 80,7 поени.

Иако Сиднеј го зазел четвртото место со 80,1 поени, во исто време е на врвот во категорија дигитална безбедност, додека пак Токио има вкупно 80 поени со што јапонскиот град е на петтото место.

Амстердам е на шестото место со 79,3 поени, додека пак Велингтон го зазел седмото место со 79 поени. Хонгконг е на осмото место, а Мелбурн на деветтото место со 78,6 поени, додека пак шведски Стокхолм е на 10-то место со 78 поени.

Њујорк се наоѓа на единаесеттото место кое го дели со Барселона, Вашингтон е на четиринаесеттото место, додека пак Лондон и Сан Франциско се наоѓаат на петнаесеттото место.

На дното на листата се наоѓаат градовите Лагос, Каиро, Каракас, Карачи и Јангон, па поради тоа се сметаат за најнебезбедни за живеење.