
Ќофтиња во сос од павлака!
Ќофтиња на малку поинаков начин
Состојки:
- 500 г мелено месо
- 1 јајце
- 5 чешниња лук
- 2 лажици презла
- половина врзоп магдонос
- сол, бибер
За сосот:
- 400 г павлака
- 2 главици кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажица брашно
- 200 мл вода
- сол, бибер
Приготвување:
Во чинија ставете месо, јајце, ситно сечкан лук, брашно, зачини, презла и сечкан магдонос, па сето тоа промешајте го додека се соедини убаво. Навлажнете ги рацете за да не ви се лепи месото, па формирајте ќофтиња.
Загрејте го тавчето и намрсете го, па ставете ги ќофтињата да се пржат на тивок оган. Превртувајте ги повремено.
Во меѓувреме, пригответе го сосот. Исечкајте кромид и лук, па динстајте ги на малку масло додека омекнат, а потоа додајте брашно и мешајте додека исчезнат сите грутки.
Сипете вода и постојано мешајте за да не ви загори сосот.
Сипете павлака, а потоа додајте ги ќофтињата, намалете ја температурата и оставете го сето тоа да се крчка заедно 5 минути.
По желба, украсете ги со ситно сечкан магдонос.
Добар апетит!