Кои биле првите корисници на Фејсбук?
Секој корисник на „Фејсбук“ има идентификациски број кој се добива при
регистрирањето. Интересно е тоа што Марк Закерберг не е под
идентификацискиот број 1. Имено, првите три броја биле наменети за
тестирање, оставајќи го Закерберг на четвртото место.
Броевите 5 и 6 биле наменети за неговите соработници и коосновачи – Крис Хјуџес и Дастин Московиц.
Хјуџес и Московиц ја напуштиле компанијата во 2008 година. Хјуџес бил
првиот портпарол на „Фејсбук“, а по заминувањето во 2008 година ја водел
онлајн-кампањата на Барак Обама.
Еден од коосновачите бил и Едуардо Саверин, но неговиот ID е 41, што не е ни близу првите корисници.
Меѓу првите корисници на „Фејсбук“ стојат имињата на тогашниот цимер на
Закерберг, Ари Хасит, и неговиот колега од факултет Ендрју Меколум, кој е
заслужен за првото лого на „Фејсбук“.
Интересно е тоа што меѓу првите корисници е и Крис Путнам, кој во 2005
година го заразил „Фејсбук“ со „црв“ кој направил да изгледа како „My
Space“. Наместо да повика полиција, Закерберг му понудил работа.