Кој не е регистриран на „Мој ДДВ“ нема да има корист од најавениот Викенд без ДДВ

 Кој не е регистриран на „Мој ДДВ“ нема да има корист од најавениот Викенд без ДДВ

За најавениот „Викенд без ДДВ“ граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ само за купени производи со македонско потекло, објави телевизија „АлсатМ“. Ќе се добијат пари назад ако се купи облека, бела техника, санитарија, храна, мебел и друго, само ако се направени во земјава. Исклучок ќе биде само ИТ производите, како компјутер, лаптоп или друга опрема, за кои, без разлика каде се произведени, ќе се враќа ДДВ.

Од Владата велат дека мерката сега е креирана како помош за справување со кризата и опфаќа повеќе аспекти, но не одговорат зошто се смени првичната замисла сите производи да бидат поевтини во продавниците и да може секој да ги купи, без да се регистрира во УЈП со апликацијата „Мој ДДВ“.

Наместо за сите граѓани, Викендот без ДДВ кој е на 10, 11 и 12 октомври, ќе може да го користат само тие кои ќе скенираат сметката во овие три дена. Потоа УЈП ќе го враќа ДДВ-то. Оние кој немаат ваква апликација ќе мора да се регистрираат за да може да ја искористат оваа мерка.

Во предвидениот викенд граѓаните ќе бидат ограничени и за парите кои сакаат да ги потрошат за да добијат назад ДДВ. Еден граѓанин ќе може да потроши максимум 30 илјади денари за да добие поврат од 5.400 денари. Во викендот без ДДВ редовната мерка „Мој ДДВ“ ќе биде суспендирана.

>
>