
Која е најдобрата земја за живот во 2021?
Земјите се бираат според повеќе критериуми: според општествената одговорност, родовата еднаквост, степенот на агилност итн.
Во анкетата учествувале 17.326 луѓе од 36 земји од Америка, Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток.
Канада е на првото место и според нискиот степен на корупција и грижата за човековите права. Најмногу признанија доби во областа на образованието, пензионирање, еколошки и здрав живот. Го зазема и првото место кога станува збор за родова еднаквост и можноста за вработување.
Извештајот се следи и се објавува секоја година, а во 2020 година на првото место беше Швајцарија. Според објавената листа за оваа година, покрај Канада за најдобри земји за живеење се прогласени и Јапонија, Германија, Швајцарија, Австралија, САД, Нов Зеланд, Велика Британија, Шведска и Холандија.