
Кокаин пронајден во Струга
На 15-ти август 2020 година, во 22:40 часот на улицата „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода 33-годишниот С.С. од Скопје, кај кого при преглед бил пронајден кокаин.
– Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.