Колку сега „тежи“ најбогатиот човек во светот?

 Колку сега „тежи“ најбогатиот човек во светот?
Личниот имот на Џеф Безос минатата недела ја надмина границата oд 200 милијарди долари, пренесе Fox Business.

Со тоа лидерот на Amazon го зацврсти лидерството на листата најбогати луѓе во светот, пред Илон Маск, шефот на Tesla. Со месеци тие двајцата се менуваа на врвот на листата најбогати луѓе во светот.

Но, во петокот личното богатство на Безос изнесуваше 202,3 милијарди долари, според пресметките на Forbes.

Францускиот бизнисмен Бернар Арно е на второ место со нето вредност од 182,8 милијарди долари, додека Маск е на третото место со 172,5 милијарди долари.

Најновиот раст на богатството на Безос е последица на добрите резултати во првиот квартал што го објави Amazon. Продажбата на компанијата скокна за 44 проценти и за повеќе од 108 милијарди долари, со што ги надмина интерните очекувања.

Безос би требало да се повлече од местото извршен директор во втората половина на 2021 година.

>
>