Комисијата за заразни болести предлага враќање на хронично болните лица на работа

 Комисијата за заразни болести предлага враќање на хронично болните лица на работа

Комисијата за заразни болести при министерството за здравство утринава донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, со исклучок на оние кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста.

За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31.12.2020 година, додека продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа.

Комисијата соопшти и дека за родителите со деца до 10 години, одлука ќе се носи на следниот состанок на Комисијата.

Оваа предлог одлука на комисијата треба да биде потврдена од владата.