• 18/09/2020

Компанијата Гајрет од Лабуништа добитник на признание за најбрзо растечка компанија

 Компанијата Гајрет од Лабуништа добитник на признание за најбрзо растечка компанија
loading...
Advertisement

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денеска ги објави ТОП 100 најуспешните компании во Македонија.

Овој настан е претворен во традиција и се реализира по деветти пат и го прави изборот на најуспешните компании во 2018 година кои имаат постигнато успех врз основа на пет клучни индикатори, како што се: годишнио приход, нето-добивката, бројот на вработени, инвестиции и ROE (поврат на капитал).

На манифестацијата во топ 100 компанијата ГАЈРЕТ од Лабуништа доби признание за компанија со најголем раст во последните три години во северо западна Македонија, во име на компанијата ГАЈРЕТ признанието го подигна г-дин Бурим Беќироски, додека пак компанија за проширување на глобален пазар, Слајс од Скопје.

Оваа година има и новост, каде е доделена награда за успешен бизнис предводен од жена – Уника Лифе од Скопје. СКСЗМ продолжува да биде заштитниот чадор на бизнисите на нивниот пат кон успехот. Ние ќе продолжиме да бидеме коректори на макроекономските политики со обезбедување на конкретни решенија. Ние ќе застанеме покрај претприемачите во остварувањето на нивните цели за раст и развој на бизнисот.

ТОП 100 докажува дека нашите компании работат успешно и се подготвени да се вклучат на глобалните економски пазари, така што фокусот на СКСЗМ во иднина ќе биде да пронајдеме нови пазари за локалните бизниси – рече Неби Хоџа, претседател на СКСЗМ.