• 10/08/2020
 Комплетирани првите две групи на ракометното ЕУРО

Комплетирани првите две групи на ракометното ЕУРО

loading...
Advertisement

Хрватска и Шпанија со максимален учинок, изненадувањето Исланд ја прегази и елиминира Русија, дома си оди и Србија без ниту еден бод.

Групите А и Ц веќе се комплетираа ва Европското првентсво кое годинава се одржува во три земји.

Група А

Во балканското дерби Хрватска ѝ го нанесе третиот пораз на Србија и ја испрати дома без ниту еден освоен бод. Хрватите скоро цел натпревар водеа освен на крајот од првиот дел кога Србија направи пресврт и водство кое успеа да го сочува и на почетокот од второто полувреме. Расположен беше хрватскиот голман Марин Шего кој одбрани дури 16 удари на српските ракометари.

Од оваа група покрај Хрватска во наредната фаза оди и Белорусија откако во директниот дуел ја торпедираше Црна Гора.

Црна Гора – Белорусија 27:36
Србија – Хрватска 21:24

Табела:
1. Хрватска 6 82:65
2. Белорусија 4 94:88
3. Црна Гора 2 70:84
4. Србија 0 72:81

Група Ц

Бранителот Шпанија си поигра со Холандија победувајќи со 11 голови разлика. Дури 14 различни ракометари погодуваа кај Шпанците од кои со 6 голови најефикасен беше Хорхе Македа, додека кај Холанѓаните 8 постигна Кај Смитс.

Германија славеше над дебитантот Латвија извојувајќи ја потребната победа иако лесно можеше Латвијците да го освојат првиот бод. Убедливото водство на Германците кое во еден момент беше и 7 разлика до крајот толку се стопи што натпреварот заврши со само еден гол во полза на некогашните шампиони.

Латвија – Германија 27:28
Холандија – Шпанија 25:36

Табела:
1. Шпанија 6 102:73
2. Германија 4 88:83
3. Холандија 2 80:94
4. Латвија 0 73:93

Група Е

Синоќа се одигра и второто коло во групата Е каде Исланд ја изненади и прегази Русија. Исланѓаните уште на полувреме водеа со 7 разлика за на крајот да триумфираат со 11 голови разлика. По 6 голови постигнаа Бјарки Мар Елисон, Александер Петерсон и Сигвалди Блорн Гудјонсон, додека исландските голмани имаа вкупно 15 интервенции наспроти само петте на руските.

Трилер натпревар одиграа Данска и Унгарија кои ремизираа играјќи 24:24. Данска го освои првиот бод најмногу благодарение на расположениот Никлас Ландин кој одбрани дури 20 удари на унгарските ракометари.

Исланд – Русија 34:23
Данска – Унгарија 24:24

Табела:
1. Исланд 4 65:53
2. Унгарија 3 50:49
3. Данска 1 54:55
4. Русија 0 48:60

Можеби ке те интересира