• 26/09/2020

Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон

 Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон
loading...
Advertisement

Општина Охрид за  Новата 2020 година објавува  Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон. Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 16 до 27. 12.2019 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди;

  • Прва – 10.000денари
  • Втора – 6.000денари
  • Трета – 4.000денари

Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми: При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.

Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.