Консумирајте мешавина од мед и јаболков оцет наутро на празен стомак: Ефектот врз организмот е неверојатен

Консумирајте мешавина од мед и јаболков оцет наутро на празен стомак: Ефектот врз организмот е неверојатен

Консумацијата на мед и јаболков оцет во нивниот непреработен, сиров облик има бројни здравствени предности.

Медот и јаболковиот оцет делуваат благотворно поради способноста за одбрана на организмот од инфекции и спречување на развој на многу болести.

Ова се само дел од здравствените предности:

– елиминирање на болките во зглобовите
– елиминирање на киселините и олеснување на ждригавицата
– подобрување на дигестивното здравје, вклучувајќи проблеми со опстипација
– намалување на вишокот килограми
– намалување на нивото на холестерол и високиот крвен притисок
– ублажување на воспаленијата на грлото
– зголемување на енергијата
– младешки изглед и подобра состојба на кожата
– намалување на воспаленијата во организмот

Зошто медот и јаболковиот оцет се добитна комбинација?

Предностите на овој напиток можат да се објаснат врз основа на хемиските особини на состојките и интеракциите со телото. Многу нутриционисти веруваат дека стануваме болни кога pH вредноста на крвта е под 7 и се создава кисела средина во организмот.

Јаболковиот оцет е природно кисел, но кога се консумира тој станува алкален. Медот исто така има ниска pH вредност, но ја подигнува базноста на телото во моментот на консумирање.

Овие две намирници се совршен начин за намалување на прекумерната киселост која е предизвикана од стресниот начин на живот и консумацијата на нездрава храна и пијалаци. Нашето тело функционира на најдобар и најздрав начин кога pH вредноста е помеѓу 7,0 и 7,4 односно е благо алкална.

Како да подготвите напиток од мед и јаболков оцет?

Потребни состојки: 1 лажица сиров мед, 1 лажица јаболков оцет, 1 чаша топла вода.

Како да го консумирате?

Напитокот од мед и јаболков оцет консумирајте го наутро, на празен стомак. Најдобро е да го пиете околу 20-30 минути пред појадок. Бидете доследни и консумирајте го секојдневно бидејќи за кратко време ќе ги почувствувате неговите благодати.

Јаболковиот оцет може да биде во интеракција со диуретици, лаксативи и лекови за дијабетес и срцеви болести, па доколку користите вакви лекови, задолжително консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете да го консумирате секојдневно.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds