Конте: Италија има „ѕид“ сочинет од тројца играчи, треба да ја искористиме слабата точка на Англија

 Конте: Италија има „ѕид“ сочинет од тројца играчи, треба да ја искористиме слабата точка на Англија

Тренерот кој реши да си замине од Интер по освоената титула во Серија А добро ги познава сите играчи од актуелниот состав на селекторот Роберто Манчини, кој според него проектирал тим кој игра ефикасен и ефективен фудбал без многу калкулации.

– Јас го гледам фудбал на свој начин. Доминацијата ја прифаќам само ако се создаваат големи шанси за гол и опасни ситуации. Сакам да кажам дека шпанската „доминација“ во полуфиналето не беше баш чиста. Ако нема големи ситуации и нема шанси еден на еден, тоа значи дека играта е стерилна. Може да ја имате топката колку сакате, но ако не создавате шанси и не шутирате на гол, нема да победите.

– Италија е тешка за победување во секој случај, секогаш сме подготвени, не оставаме простор и сме апсолутно будни на теренот. Имаме ѕид пред голот сочинет од тројца играчи. Донарума, Бонучи и Кјелини. Го сметам Донарума за еден од тројцата најдобри голмани во светот, а за Бонучи и Кјелини не треба да се трошат зборови. И после 1000 битки, тие се уште мирисаат крв. Имаат победнички менталитет, карактер и сила.

– Сега следи Англија, за разлика од Шпанија, тие одат на ситуации еден на еден. Сепак, тие играат со двајца играчи за врска кои одат на физичка игра, немаат вертикални пасови. Филипс и Рајс секогаш одат на најпростата опција и најлесното додавање. Слаба точка на Англија е тоа што не знаат да ја изнесат добро топката под силен пресинг. Не се добри како Шпанија во тој случај и затоа имавме проблем против Шпанците. Сепак, треба да се внимава, бидејќи ако топката пројде, тогаш сте во проблеми со нивните ултра брзи играчи во нападот, – предупредува Конте.

>
>