Конте: Мразам лажговци

Конте: Мразам лажговци

Тренерот на Тотенхем смета дека неговиот клуб треба да има за цел да ја освои Премиер лигата, а не само ФА или Лига купот.

Антронио Конте важи за многу амбициозен тренер кој не оди во клубови кои немаат јасен план и амбиции. Но, досега во неколку наврати се соочил со промена на таквите планови и затоа си заминувал од поранешните клубови.

Со Тотенхем вели дека атакува на освојување на трофеи, а не за да игра епизодна улога.

„Зошто не Премиер лигата и Лигата на шампионите? Мојата цел и целите на клубот се да напредуваме. Ова е процес што го започнавме пред седум месеци. Освојувањето на место во Лигата на шампионите не значи дека сте ја постигнале целта. Искуството ми кажува дека одиме во вистинска насока. Истовремено, знам дека на клубот му треба следниот чекор за да може да се натпреварува со најдобрите тимови во Европа. Оттука, не смееме да бидеме препотентни и арогантни. Мораме да работиме, да работиме и да работиме на подобрување на теренот и надвор од него за да станеме врвен клуб“, изјави на почетокот на прес-конференцијата по повод првиот натпревар од новата сезона на неговиот тим, кој утре на домашен терен го пречекува Саутемптон.

Италијанскиот стручњак важи за темпераментна личност, а сега објасни зошто никаде не успеал да остане подолго време.

„Секогаш ми се допаѓа искреноста. Ако ми кажете една работа, треба да ја почитувате. Не сакам луѓе кои ќе ми кажат една работа, а потоа ја менуваат во текот на една или две сезони. Ако ме излажете, немате среќа со мене. Мразам лажење и лажговци“, заврши Конте.

Како тренер најмногу се задржа во Јувентус каде беше 3 сезони и каде освои три последователни Скудета, но немаше успех во Лигата на шампионите. Потоа две години ја водеше Италија за потоа да седне на клупата на Челси каде во две сезони ја посвои Премиер лоигата еднаш, како и ФА купот. Пред да дојде во Тотенхем го водеше Интер исто така две сезони, и еднаш го освои Скудетото.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds