
ЈП Комунално: Градскиот пазар во Струга за викенд ќе работи до 15:00 часот
“Согласно препораките на кризниот штаб на Општина Струга за спречување на ширење на коронавирусот (КОВИД-19) , ЈП Комунално-Струга информира дека пазарот на големо за користени работи што се наоѓа наспроти ракометното игралиште кај Женска плажа, ќе биде затворен на неодредено време.”
“Oд јавното претпријатие исто така информираат дека Градскиот Пазар во Струга (Зелениот Пазар) во пазарен ден сабота и во недела поради воведениот полициски час од 16:00 до 05:00 часот, ќе работи со скратено работно време односно до 15 :00 часот.
Извор:Sturgaonline