Ковид 19 ги полни болниците во Струга и Охрид

Ковид 19 ги полни болниците во Струга и Охрид

Се поголемиот број на новозаболени лица од ковид забрзано ги полни болничките соби во охридската и струшката болница.

Иако сеуште и во двете има по неколку слободни кревети, капацитет и персонал за справување со болните, доколку и понатаму бројките продолжат вртоглаво да растат нема да можеме да се справиме со проблемот дециден е директорот на струшката болница Мухамед Асани.

Од голема помош ќе биде изградбата на монтажните болници која доцни. И двете раководства ја имаат доставено целосната документација и чекаат зелено светло од Министерството за здравство за да започне изградбата.

Во последните неколку денови во Охрид секојдневно се регистрираат двоцифрени бројки на заболени од корона вирус. Поголемиот дел од новодијагностицираните се вработени во погон на фабрика и градски маркет.

Прилогот на 24Вести погледнете го во продолжение:

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds