Ковид центарот во Струга доби донација од Турската Црвена Полумесечина

 Ковид центарот во Струга доби донација од Турската Црвена Полумесечина

Црвен крст на РСМ -Општинска организација Струга денеска дистрибуираше хуманитарна помош која беше донирана од страна на Турската Црвена Полумесечина, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

-Донацијата е составена од 35 хигиенски пакети и две инвалидски колички за деца. Оваа донација е наменета за Ковид центарот во Струга.-информираат од Црвен крст-Струга.

>
>