• 24/09/2020

Крај на една ера: Најголемата флота на оригиналниот „Џамбо џет“ заминува во историјата

 Крај на една ера: Најголемата флота на оригиналниот „Џамбо џет“ заминува во историјата
loading...
Advertisement

British Airways планираше флотата на овие авиони да ја „пензионира“ во 2024-та година, меѓутоа пандемијата на коронавирусот ги промени плановите на авиокомпанијата.

Авиокомпанијата British Airways поради падот на работата ќе ги испрати во пензија своите авиони Boeing 747. Од сите авиопревозници ширум светот, British Airways ја поседува најголемата флота на популарните „Џамбо џет“ авиони, вкупно 31.

„Со голема тага можам да потврдам дека предлагаме повлекување на нашата цела флота на 747 и тоа веднаш“, изјави портпаролот на авиокомпанијата за британски „БиБиСи“.

Коронавирусот негативно влијаеше на авиокомпаниите ширум целиот свет.

„Мала е веројатноста дека нашата „кралица на небото“ повторно комерцијално ќе лета за British Airways поради влијанието на глобалната пандемија на Ковид-19“, додаде портпаролот.

Од компанијата соопштија дека ќе ги користат поекономичните авиони како што се A350 на Airbus и 787 Dreamliner на Boeing.

И Boeing наводно ќе престане да го произведува моделот 747 откако ќе бидат испорачани последните 16 нарачки. Се очекува последниот „Џамбо џет“ од фабриките да излезе во текот на идните две години.

Пред и официјално да престане производството, 747 ќе прослави 50 години присутност на пазарот.