Крај на пандемијата: Руските научници имаат оптимистично и песимистично сценарио

 Крај на пандемијата: Руските научници имаат оптимистично и песимистично сценарио

Пандемијата на коронавирусот би можела да заврши за шест месеци според најоптимистичното сценарио или за една година според песимистичното, изјавила денеска заменик директорката за клинички и аналитички работи при рускиот Централно научен-истражувачки институт за епидемиологија, Наталија Пшенична.

Според нејзините зборови, во април минатата година научниците правеле предвидувања на основа на математички калкулации и предупредиле дека епидемијата ќе трае од 18 месеци до 2 години, а тие предвидувања досега се исполниле, пренесува “Tass”.

“Според оптимистичното сценарио, пандемијата би можела да трае уште шест месеци. Најпесимистичното сценарио предвидува дека пандемијата ќе заврши за околу една година”, рекла Пшенична.

Таа повторно истакнала дека иднината на пандемијата зависи од однесувањето на луѓето, односно од почитувањеот на пропишаните норми на однесување.

>
>