• 21/09/2020

Крајно време е за чекор напред – Учество на МНР Димитров на панел за Западен Балкан ,,Дипломатски дијалог за Западен Балкан’’ во рамки на Светскиот економски форум во Давос

 Крајно време е за чекор напред – Учество на МНР Димитров на панел за Западен Балкан ,,Дипломатски дијалог за Западен Балкан’’ во рамки на Светскиот економски форум во Давос
loading...
Advertisement

Министерот Димитров настапи на панелот посветен на „Стратегиски дијалог за земјите на Западен Балкан“, како една од главните иницијативи на агендата на овогодишниот форум. Со панелот модерираше Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум, а ко-претседавач беше Мирослав Лајчак, МНР на Словачка. Меѓу учесниците а во својство на специјални гости поканети беа: Бојко Борисов, премиер на Бугарија, Сума Чакрабати, претседател на Европската банка за реконструкција и развој, Кристалина Георгиева, управен директор на ММФ, Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, Марјан Шарец, премиер на Словенија, Александар Вучиќ, претседател на Србија и Хашим Тачи, претседател на Косово. Меѓу останатите учесници беа и Томас Гремингер, Генсек на ОБСЕ, Ан Линде, МНР на Шведска, Мевљут Чавушоглу, МНР на Турција, како и голем број извршни директори на познати светски и водечки компании.

Панелот за Западен Балкан се одвиваше во два дела, едниот посветен на последните политички случувања во земјите од ЗБ и очекувањата за 2020 година, и вториот дел со фокус на потикнување на економскиот раст во земјите од регионот.

МНР Димитров аргументираше дека е крајно време Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ. „Донесувањето на долгоочекуваната одлука за време на хрватското претседавање пред Самитот во Загреб е во интерес не само за земјата и Регионот, туку и за самата ЕУ и кредибилитетот на европската перспектива.” МНР Димитров истакна дека во меѓувреме е добредојдена секоја идеја која ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и која ќе ги направи преговорите поефикасни, построги и пофер, посуштински и покредибилни.

На маргините на Форумот министерот Димитров имаше куси средби со премиерите на Република Бугарија и Република Хрватска.

На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов се разговараше за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во контекст на градењето пријателство врз основа на заемно разбирање и почит кон грижите на соседот. Премиерот Бојко Борисов уште еднаш ја потврди поддршката на Бугарија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Во разговорот со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ министерот Димитров му се заблагодари нему лично, но и на Хрватска во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ, за активната поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, држејќи го нашето прашање високо на агендата на ЕУ.