Кривична пријава против стружанец поради непочитување на мерките за изолација

 Кривична пријава против стружанец поради непочитување на мерките за изолација

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против (62) годишен жител од Струга.

– На 6 декември 2020 година во 16:55 часот при контрола на лица, на кои им е издадено решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за здравствeн надзор и домашна изолација, тој не е затекнат во неговиот дом, односно не ги почитувал мерките за заштита, наведува МВР во дневниот Билтен.