Кривична пријава за лице од струшко кое ограбило бензинска пумпа

Кривична пријава за лице од струшко кое ограбило бензинска пумпа

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и „попречување на правдата“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 34-годишен жител, од струшкото село Радолишта.

-На 16-ти август 2020 година, на вработен во бензиска пумпа во близина на струшкото село Теферич, тој му упатил сериозни закани по неговиот живот, му барал пари и од продажно место одзел поголема количина цигари и избегал. Пријавениот, потоа се обидел да влијае врз 22 годишен жител на Радолишта, сведок на настанот, да не ја кажува вистината и да даде лажен исказ за стореното разбојништво а потоа физички го нападнал, информираат од СВР Охрид.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds