Кривична пријава за шверцер кој пренесувал дрога преку Охридското Езеро

 Кривична пријава за шверцер кој пренесувал дрога преку Охридското Езеро

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишен државјанин на Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Тој, на 23.11. 2017 со чамец пристигнал на брегот на Охридско езеро и кај сливот на реката Сатеска оставил торби со 62 пакувања со 58.9 килограми марихуана, 174 грама хероин, 150 грама хашиш и едно шише со течен хашиш. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

>
>