
Кривична пријава за стружанец кој нелегално поседувал куршуми
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишен жител од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
-При претрес во неговиот дом во Струга, извршен на 13-ти февруари 2020 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 10 куршуми различен калибар и 16 ловни патрони, кои нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид.