Кривична пријава за стружанец за поседување марихуана

 Кривична пријава за стружанец за поседување марихуана

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 48-годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

СВР Охрид соопшти дека при претрес била пронајдена и одземена марихуана.

– При преглед на лицето, извршен на улица „Партизанска“ во Струга, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, стои во информацијата на полицијата.

>
>