Кривична пријава за стружанец за тргување со оружје

 Кривична пријава за стружанец за тргување со оружје

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Л. (53) од селото Долна Белица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти МВР,  на 19.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што пронашле ловна пушка и 87 парчиња муниција од различен калибар.

Извор: tv21.tv

>
>