Кривична за стружанец кој нападнал вработен во хотел

 Кривична за стружанец кој нападнал вработен во хотел

ОВР Струга поднесе кривична пријава против (31) годишен Стружанец, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Тој, на 4-ти април годинава во 12:30 часот, по вербална расправија со вработен во хотел во Струга, го нападнал со железна шипка.