Кривична за стружанец кој вршел јавен превоз на патници без лиценца

 Кривична за стружанец кој вршел јавен превоз на патници без лиценца

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишен жител од Струга.

-При контрола извршена на 20-ти октомври 2020 година, на стариот регионален пат Охрид-Струга, полициски службеници го затекнале пријавениот, кој управувал патничко возило „Опел астра“, со кое вршел јавен превоз на патници без да поседува извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај за такси возило, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид