• 21/09/2020

Кривични пријави поради градење во заштитена зона и без одобрение

 Кривични пријави поради градење во заштитена зона и без одобрение
loading...
Advertisement

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавените, на катарстарска парцела на државно земјиште лоцирана во населбата Трпејца, во зоната на строга заштита што е дел од Националниот парк „Галичица“, изградиле станбен објект. Тоа го направиле без одобрение за градба, со што извршиле узурпација на земјиште во државна сопственост.

СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава и против 69-годишно лице од струшкото село Ташморуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, на катастарска парцела во атар на селото Оровник, во близина на магистралниот пат Струга – Охрид, изградил станбен објект, без одобрение за градба. Од страна на овластен градежен инспектор при општина Охрид извршен е надзор и донесено е решение за отстранување на градбата.

Извор: OhridNews