Кризниот штаб со предлог до Владата: Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22:30

 Кризниот штаб со предлог до Владата: Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22:30

Овој предлог доаѓа откако изминативе денови паѓаат бројките на новозаразени лица со коронавирус. Вчера беа регистрирани 105 нови позитивни на коронавирус.

“Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда)”, се додава во соопштението.

Потсетуваме, угостителските објекти по затворањето повторно започнаа со работа на 28-ми април.

x