
Крвична градел викендичка без одобрение во населбата „Елен Камен“ кај Струга
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Б.Р. од тетовското село Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
-Во текот на 2019 година, како сопственик на локација во населбата „Елен Камен“, атар на струшкото село Калишта, без соодветно одобрение и спротивно на основниот проект, тој започнал со изградба на викенд куќа, информираат од МВР. (Крај)