Крводарителска акција утре во Струга

 Крводарителска акција утре во Струга

Утре, 4.11.2020, во Одделот за трансфузија при Општа болница -Струга ќе се спроведе крводарителска акција.

,,Изразете ја вашата хуманост и солидарност преку дарување крв. Крвта е незаменлив лек, со крводарување спасувате или продолжувате нечиј живот.’ -велат од Црвен крст- Струга.

Крводарителската акција ќе трае во период од 09:00 до 14:00 часот.