
Крводарителска акција утре во Струга
Утре во полициската станица во Струга ќе се одржи крводарителска акција организирана од страна на Црвен крст- Струга.
„Изразете ја вашата хуманост и солидарност преку дарување крв. Вашата крв спасува живот. Крвта е незаменлив лек за да се продолжат многу животи. Проверете го вашето здравје и дарувајте крв“- апелираат од Црвен крст-Струга.
Извор:Strugaonline