• 23/09/2020

КУП: Ренова гостува во Струга, Лабуништа под рефлектори во Штип

 КУП: Ренова гостува во Струга, Лабуништа под рефлектори во Штип
loading...
Advertisement

Утре (среда), екипите на Струга Трим Лум и Лабуништа ќе ги одиграат првите напревари од четвртфиналето во Купот на Македонија.

Избраниците на Јетон Бекири на Градскиот стадион во Струга ќе го пречекаат составот на Ренова додека Лабуништа првиот меч ќе го одигра на гостински терен кај тимот на Брегалница.

Фудбалерите на Струга Трим Лум се во позитивна серија и посакуваат истата да продолжи со триумф и добар резулатот во Купот на Македонија. Кога играат двете екипи возбудувањаа се загарантирани, а сигурно така ќе биде и утре со почеток во 13 часот.

????????????????????????????????????

Лабуништа со пораз ја финишираше полусезоната во Втората лига, но составот на Пепи Џигероски неколку пати сезонава покажа карактер кога беше најтешко. Дуелот со Брегалница во Штип ќе се одигра под рефлектори. Мечот започнува во 16 часот и 30 минути.

Двојки 1/4 финале:

Струга Трим Лум – Ренова

Шкупи – Академија Пандев

Шкендија – Работнички

Брегалница – Лабуништа

Извор:OhridNews