Куранска вечер Иллахија и Касида во организација на Diaspora Labunista CH

Куранска вечер Иллахија и Касида во организација на Diaspora Labunista CH

Почитувани:

Хуманитарното друштво Diaspora Labunista CH огранизира КУРАНСКА ВЕЧЕР ИЛЛАХИЈА И КАСИДА на 27 декмеври 2019 г. со почеток во 19:00 часот во своето родно Лабуништа. Во Лабуништа ќе гостуваат најдобрите учачи Хафизи на Куран и професори. Вечерта ќе биде богата со учење на Куран, Иллахија и Предавање.

Гости на Манифестацијата: Пр.др. Шефик Курдич (предавач: Босна и Херцеговина), Хфз Азиз Алили (учење Куран и иллахија Хрватска),Хфз Адем Рамадани (иллахија Македонија),Хфз Џемаил Нухиу (учење: Куран и иллахија Македонија), Курра Егзон Ибрахими (учење: Куран и иллахија Косово), Нагим еф. Мустафоски (домаќин, модератор и Иллахија) Хор Лабуништа.

Вечерта ќе биде и ноќ на хуманост сите средства кои ќе бидат донирани ќе бидат наменети за хумани цели и помагање таму каде што има потреба.

Поради таа причина во продажба се пуштени влезници кои изнесуваат симболични 200 денари додека за деца на возраст под 14 години ќе биде бесплатна во присуство на родител.

Влезниците можат да се набават во ФАТИХ Маркет (Сезаир еф. Салоски) и во слаткарница ЦЕНТАР 2.

На манифестацијата можат да учествуваат и машки и женски сите се добредојдени БУЈРУМ Хуманитарно друштво Diaspora Labunista.CH