Лабунишки Бачила ќе се во еколошки заштитени подрачја

 Лабунишки Бачила ќе се во еколошки заштитени подрачја

Претставници од најстарата политичка фондација во Германија, Фондација Фридрих Еберт (Friedrich-Ebert-Stiftung) – ФЕС, со седиште во Скопје денес беа гости на градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко.

Познато е дека Струга е опкружена со придорни убавини, кои можат да привлечат уште повеќе туристи, не само за летната сезона туку преку целата година. На овој состанок се дискутираше за заштита на неколку зони кои ги опфаќаат населените места како селото Јабланица, Виншни, Горна Белица, Лабунишки Бачила, Подгоречки Бачила и др. и ќе поттикнат економски развој и еколошка заштита на регионот.

Заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата се темелни вредности. ФЕС го избра Струшкиот регион како најадекватен за реализација на идниот проект.Заштитата на животната средина е, пред се глобален проблем и претставува еден од најголемите предизвици на денешницата.