
Лабуништа победи со Скопје
Лабуништа со добра игра го победи лидерот Скопје со 2-0, а головите ги постигнаа Петар Љамчевски во 51. минута и Климе Далчески во самиот финиш.
Пелистер се врати на лидерската позиција со 24 бода, исто колку и Лабуништа, а два бода повеќе од третопласираниот тим на Скопје. Есенскиот дел од ВМФЛ-Запад завршува следниот викенд со 14. коло.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД
Вардар Форино – Влазерими 0-0, Лабуништа – Скопје 2-0, Кадино – Дрита 3-3, Пелистер – Охрид 2-1, Кораби – Гостивар 2-1
ТАБЕЛА: Пелистер 24, Лабуништа 24, Скопје 22, Влазерими 22, Гостивар 19, Вардар Форино 18, Кораби 18, Дрита 17, Кадино 9, Охрид 8