Лабуништа пораз претвори во победа, со два доцни гола го сруши Охрид

Лабуништа пораз претвори во победа, со два доцни гола го сруши Охрид

Во прекрасен амбиент и по топло време во Струга, Лабуништа и Охр

ид одиграа одличен натпревар со кој се затвори 15. коло од ВМФЛ-Запад. Во дебито на Стојанче Велинов за „рибарите“, Охрид како гостин испушти победа против фаворизираниот тим на Лабуништа и прими два гола во последните мигови, па наместо победа, загуби со 3-2 (1-1)

Домашните фудбалери поведоа со 1-0 со погодокот на Сунај Хасан во деветтата минута. Претходно, „зелено белите“ имаа добра прилика преку Александар Далчески кој биеше покрај голот. Избраниците на Драган Бочески брзо се консолидираа и од првата шанса постигнаа изедначувачки погодок. Игор Клечкароски нафрли во срцето од 16-те метри, Љупче Трпески скокна највисоко и со главата ја смести топката во мрежата од домаќините. 

На стартот од второто полувреме, Лабуништа продолжи да ја контролира играта, но Охрид беше тимот со повеќе прилики. Ударите на Стојанче Велинов завршија над голот, а еднаш на вистинско место беше Самед Кадриоски кој ја расчисти опасноста во казнетиот простор.

Во 69. минута, Охрид остана со фудбалер помалку. Шериф Реџепи доби директен црвен картон поради удар со лакто. Во следната акција, охриѓани стигнаа до водство 1-2. Дефанзивецот Александар Василев со глава ја погоди целта за предност од 1-2.

Очекувано, Лабуништа фрли се на една карта и долго време неможеше да го пробие бедемот на Охрид. Во 90. минута Петар Љамчевски од втор обид успеа да ја погоди целта за 2-2. На крилата од изедначувачкиот погодок Лабуништа нападна уште еднаш и во последната минута од судиското продолжение реализираше комплетен пресврт. Џокерот Михајло Јакимоски кој влезе од клупата со десна нога ја затресе мрежата за голема победа.

Погодокот на Јакимоски, бурно го прослави клупата од Лабуништа, провоцирајќи ги охридските фудбалери и стручниот штаб. На ниските провокации наседна Стојанче Велинов кој доби црвен картон.

Лабуништа дојде до големи три бода и со 27 му дише во врат на второпласираниот Скопје, а има само три бода помалку од лидерот Пелистер. 

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds