Лабуништа се засили со искусен голман кој пред три сезони му донесе Куп-трофеј на Пелистер

По шест месеци минати во Кипар, македонскиот голман Илче Петровски и официјално се врати во мак-фудбалот. Битолчанецот бранеше во втората кипарска лига во есенскиот дел, но спогодбено го раскина договорот и како слободен фудбалер се пресели во редовите на Лабуништа. 

Иако имаше понуди од неколку прволигаш, а и од клубови од Босна и Херцеговина и Кипар, 30-годишниот Петровски се реши да стави потпис со амбициозниот второлигаш, кој во пролетниот дел од сезоната ќе брка историски влез во мак-елитата. 

Петровски е специјалист за пенали, на матичниот Пелистер му донесе еден трофеј од Купот на Македонија, а во нашата земја ги бранеше головите и на Младост Царев Двор, Гостивар и Струга Трум Љум.

Со стружани успеа да влезе во ПМФЛ, како еден од најдобрите поединци во ВМФЛ-Запад минатата сезона. 

извор:gol.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds