Лабуништа со реконструиран регионален пат и одводни канали

Лабуништа со реконструиран регионален пат и одводни канали

Вчера градоначалникот на Општина Струга, г.Рамис Мерко одблизу ги следеше градежните работи на главниот пат во с.Лабуништа, каде што успешно беше завршена и втората фаза на градежните активности.На главниот пат кој се протега од местото познато како Кореја Лабуништа во правец на с.Боровец, се работеше на проширување на патот а потоа истиот се асфалтираше.

Истовремено, се работеше и на поставување на одводните канали долж патот и на двете страни на патот, инвестиција истотака од страна на Општина Струга.„Ваквата капитална инвестиција беше неопходна за населените места во овој регион“ рече вчера градоначалникот Мерко, потенцирајќи ја потребата за одводни канали и секако важноста на широк и асфалтиран пат, секогаш земајќи ги предвид барањата и потребите на жителите на оваа зона.Само за време на мандатот на градоначалникот Мерко, реализирани се над 20 капитални инвестиции во овој регион, и не само во овој регион, докажувајќи дека градоначалникот Мерко секогаш ги става на прво место барањата на жителите и граѓаните на Општина Струга.Наскоро со нови капитални инвестиции.

Канцеларија за односи со јавноста,Општина Струга

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds