Лабуништа стартуваше со подготовките за пролетниот дел од сезоната…
Денес екипата на ФК Лабуништа и официјално ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, на првиот тренинг новите играчи имаа можност да се запознаат со своите нови колеги и во добар амбиент го запчнаа својот прв тренин за новиот клуб.

Капитенот на екипата Дејан Лескароски не го крие задоволството од позитивната атмосвера на денешниот тренинг со кој се означи и стартот на подготовките, тој додаде дека на новодојденците им посакавме топло добредојде и сега сите заедно ќе се стремиме за нашите цели да се остварат. Нашите ГМЕЧЕРИ заслужуваат да дадеме се од себе и максимално подготвени да влеземе во вториот дел од првенството…