• 10/08/2020
 Левица:Да се санкционираат лицата кои ги трујат животните

Левица:Да се санкционираат лицата кои ги трујат животните

loading...
Advertisement

Од локалниот огранок на партијата Левица во Охрид бараат одговорност за труењето на животни во Охрид, што се случува веќе подолг период, во отсуство на хумани и ефикасни мерки за редуцирање на бројот на бездомни животни.

Веќе еден месец активисти и граѓани алармираат за отруени домашни и бездомни животни во очигледно координирано труење, додека локалната власт срамно молчи! Да потсетиме, се работи за отрови кои се смртоносни и за луѓето и чие фрлање претставува кривично дело за кое е предвидено казна затвор. Со оглед на фактот дека ниту еден сторител низ годините не е санкциониран – или локалните власти немаат контрола што се случува во општина Охрид или самите се директни учесници во свирепото труење. Од најавените ветувања од страна на СДСМ, како отворањето на Мауцкер, субвенционирање стерилизации и кастрации, едукација за одговорно сопствеништво и казнување на сопствениците кои ги напуштаат своите миленици – ниту едно не е исполнето!, велат од Левица Охрид.
Оттаму, ја повикуваат локалната власт, СВР- Охрид и градоначалникот Георгиески да излезат пред јавноста и да презентираат реални резултати за санкционирање на лицата кои го расфрлаат отровот.

Извор:OhridNews

Можеби ке те интересира